Пишува: Слободан Томиќ

ЕСТОНИЈА ,ЧЛЕНКА НА ЕУ СО ДРЖАВНИЧКА СТРАТЕГИЈА
Кога Естонија влезе во Европската Унија, тоа не се случи со ултиматуми, ниту со услови кои удираат по достоинството и националниот идентитет. Напротив, Естонија разви план А и план Б:
- План А беше целосна европска интеграција преку институционални реформи;
- План Б беше заштита на националниот идентитет и суверенитет преку билатерални спогодби со Франција и Германија, доколку се појават пречки во Брисел.
Европа ја прифати Естонија со почит. Зошто Македонија не го заслужува истото?
Зошто кај нас мора да биде само по бугарски диктат?
Зошто нам ни е ускратена логиката на двоен избор?
ЛОГИКА: ИЛИ А, ИЛИ Б – ТРЕТО НЕМА

Во филозофијата, логиката и математиката постои основно правило: или А, или Б. Трето нема.
Но, европските бирократи, и сега Каја Калас, се обидуваат да наметнат изопачена логика:
„Постои само А, уставни измени по терк на Бугарија.
Ако не го прифатите, вие сте изолирани, затворени, изгубени.
Но, во реалноста на Македонија, тоа значи:
- А – апокалипса, исчезнување на македонската нација, воведување на двонационална држава и замена на историјата со диктати.
- Б – благосостојба, преку нова политичка рамнотежа, со посредство на САД и ЕУ, и директна билатерала со Софија врз основа на взаемно почитување.
КАЛАС ГО СПОМНА ПЛАНОТ Б – И ТОА Е КЛУЧОТ

Каја Калас не случајно рече дека Планот Б е возможен.
Таа не зборуваше само во европски бирократски шаблони, таа отвори простор за билатерална дипломатија меѓу Скопје и Софија.
Таа знае дека на претстојниот НАТО самит што ќе се одржи во Хаг, со посредство на Вашингтон и Брисел, може да се случи средба меѓу македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова и бугарскиот претседател Румен Радев, под чадорот на Западот.
Тоа е вистинската вест на денот.
Не се „студени тушеви“, не се „силни шлаканици“, туку почеток на алтернатива.
МАКЕДОНИЈА МОРА ДА МИСЛИ НА СВОЈАТА ИДНИНА – КАКО СУВЕРЕНА ЕКОНОМСКА СТРАТЕГИЈА

Македонија, како и Франција, како и секоја земја-членка или кандидат за членство во ЕУ, има право на алтернативни можности за развој. Додека некои ни ја ускратуваат таа логика, новата македонска Влада прави нешто спротивно: гради.
Пред само два дена, во Лондон беше потпишан Стратешки договор меѓу Владата на Македонија и Обединетото Кралство, вреден 6 милијарди евра, насочен кон инфраструктура, иновации и економски подем. Ова е директна спротивност на пустошот што го оставија претходниците кои ја распродадоа и обесчестија државата.
Време е за изградба, време е за достоинство. Македонија има избор, има алатки, и има поддршка – но само доколку си ја зачува независноста на одлуките.
ПЛАТЕНИ МЕГАФОНИ, КУЧИЊА НА ЗЛОТО

За жал, платените мегафони во македонските медиуми ја пропуштија суштината.
Наместо да известуваат за геополитичкиот пресврт, тие повторно го одиграа сценариото на клевета и дефокус.
- „Мицкоски добил студен туш!“
- „Мицкоски плачел пред Калас!“
- „Калас го сотре Скопје!“
Ова не се наслови, ова е новинарски срам и политичка проституција.
Тие не известуваат. Тие делат коски на кучињата на злото, чии газди се длабоко вгнездени во странски агенти и структури кои ја посакуваат капитулацијата на Македонија.
МИЦКОСКИ, НЕПРИЈАТЕН ФАКТОР ЗА БРИСЕЛСКИТЕ ЛАГИ

Мицкоски стана проблем за нив.
Зошто?
Затоа што не е клиентелист, затоа што не ги слуша диктатите на Сорос, на US Aid, на „професионалните Европејци“, кои за 30 сребреника би го продале идентитетот на дедовците.
Мицкоски не оди по патот на Заев. Тој не прифаќа „само А“. Тој знае дека има и Б. И дека тоа Б е во интерес на народот.
КОГА ЛААТ, ЗНАЧИ ДЕКА ВИСТИНАТА ИЗЛЕГУВА НА ВИДЕЛИНА
Сите лаги излегуваат на површина кога ќе се појави лидер што не молчи! Затоа лаат. Затоа пуштаат наративи за студени тушеви и плачковци!
Но тие не знаат да препознаат отпор. Затоа лаат. Македонија нема повеќе намера да мјаука.
Македонија проговори.
ФИНАЛЕ: ВРЕМЕ Е ЗА БИЛАТЕРАЛА, ВРЕМЕ Е ЗА ПЛАН Б
Планот А е пропаст. Планот Б е шансата за мирно решение.
Каја Калас дојде да ја наметне европската шема, но отиде свесна дека Македонија има свој глас.
Дека народот е буден. Дека лажењето заврши.
А или Б. Трето нема!

