СВР Охрид поднесе кривична пријава против (35) од Република Албанија, со привремен престој во Охрид и против (27) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, а против
(35) и за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. Пријавените набавиле кокаин за продажба на наркозависници, од кој дел е пронајден и одземен при контрола во патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, извршена на улицата „Васил Стефоски“ во Охрид, управувано од лице од Охрид.
Please follow and like us:

