Приведен возач во Охрид: Со 2,10 промили алкохол управувал возило на булевар „Туристичка“

Општо Охрид

На 22.05.2025 во 23.41 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода (45) од охридското село Долно Лакочереј.  При извршена сообраќајна контрола, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,10 промили алкохол во крвта.

Please follow and like us: