● Airbus A321neo, авионот со најефикасна потрошувачка на гориво во
авијациската индустрија, сега претставува повеќе од две третини (67%) од флотата на Wizz Air
● Авионот овозможува намалување на потрошувачката на гориво и CO₂ емисиите за 20%
● Пред повеќе од една деценија, Wizz Air почна да користи рециклирани отпадни материјали од GenPhoenix за своите седишта во кабината, со што се намалија над 80 илјади тони емисии
● Овој чекор претставува значајно достигнување во стратегијата на Wizz Air за намалување на емисиите – „Летање кон нето-нула емисии“
Wizz Air, еколошки најнапредната авиокомпанија во регионот на ЕМЕА, гордо објавува дека Airbus A321neo(single-aisle) од најновата генерација на авиони со најниска потрошувачка на гориво – сега сочинува две третини од оперативната флота.
Од вкупно 234 авиони во флотата на Wizz Air, 152 се Airbus A321neo, шест се A320neo, а еден е Airbus A321XLR, што значи дека над 67% од флотата е составена од авиони со технологија од најнова генерација. Во согласност со својата континуирана заложба за иновации и еколошка одржливост преку напредни технологии, Wizz Air има за цел до 2029 година целосно да премине на „neo“ флота. Airbus A321neo ќе одигра клучна улога во намалувањето на интензитетот на емисии на Wizz Air за 7% до 2050 година. Овој авион нуди и 20% помала потрошувачка на гориво и емисии на CO₂ во споредба со авионите од претходната генерација, како и 50% намалување на бучавата.
Customer First Compass: Подобрување на искуството на патниците
Целосната „neo“ флота е дел од столбот на „Customer First Compass Product“ на авиокомпанијата Wizz Air – ова е нејзината заложба за патување на ново ниво и посветеност кон работењето со една од најмладите, најбезбедни и најефикасни флоти во индустријата, како и користење на најсовремени технологии во работата. Оваа иницијатива вредна 14 милијарди евра ја потенцира посветеноста на авиокомпанијата да обезбеди извонредно патничко искуство преку флота која е една од најмладите, најбезбедни, најекономични и најтивки флоти, со напредни оперативни технологии.
Yvonne Moynihan, корпоративен и ESG офицер во Wizz Air, изјави::
„Модернизацијата на две третини од флотата со A321neo не е само голем чекор за Wizz Air – тоа е симбол на нашата посветеност со која обезбедуваме најиновативни решенија. Воведувањето на нашата програма Customer First Compass уште на почетокот на оваа година ја потврдува нашата посветеност кон инвестирање во области што имаат значаен позитивен ефект за нашите патници и за планетата. A321neo е клучен дел од нашата стратегија, овозможувајќи помали емисии, но истовремено и одржување на прифатливите цени кои нашите патници ги ценат. “
Преку иновации во флотата до остварување на 0 нето емисии
Обновувањето на флотата е еден од главните столбови во „Flying Towards Net-Zero“ на Wizz Air, кој го дефинира придонесот на авиокомпанијата во процесот на намалување или елиминирање на емисиите на јаглерод диоксид (CO₂) во воздухот. Airbus A321neo ќе игра клучна улога во постигнувањето 7% намалување на интензитетот на емисии на Wizz Air до 2050 година. Овој авион исто така овозможува 20% помала потрошувачка на гориво и емисии на CO₂ во споредба со авионите од претходната генерација, како и 50% намалување на бучавата.
Паметни решенија низ целиот синџир на логистика
Покрај надворешниот дел од авионите, Wizz Air се фокусира и на развојот на внатрешноста преку својата синџирна логистика. Од 2015 година, авиокомпанијата соработува со Gen Phoenix за интеграција на рециклирани остатоци од кожа во седиштата во кабината. Овие материјали, кои инаку би завршиле на депонија, се претвораат во лесни и издржливи компоненти за седишта, кои генерираат до 80% помали емисии на јаглероден диоксид и користат 87% помалку вода при производството. Она што започна со еден авион A320, сега се прошири на целата флота, која дневно превезува околу 50.000 патници. Преку ова партнерство, GenPhoenix им обезбедува на Wizz Air повеќе од 100.000 квадратни метри – материјал, спречувајќи 16 тони отпад да заврши на депонија и годишно намалувајќи 7.300 тони емисии во текот на животниот циклус на материјалите.

