Возач со 1,61 промили алкохол во крвта приведен на „Железничка“ во Охрид – следува кривична пријава

Охрид Црна хроника

На 05.07.2025 година во 03:20 часот, на пресекот на булеварот „Железничка“ со улицата „Егејска“ во Охрид, лишен од слобода е (43) од Охрид. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле автомобил „Хјундаи“ со охридски регистарски ознаки што тој го управувал и при преземени мерки, кај него констатирале 1,61 промили алкохол во крвта. Поради загрозување на јавниот сообраќај, тој, веднаш е исклучен од сообраќај и против него, ќе биде поднесена кривична пријава по член 297 од Кривичниот законик „Безобѕирно управување моторно возило“.

Please follow and like us: