Колумна на Слободан ТОМИЌ – Со празни лулки кон бездната: Ќе има ли кој да ја светне светилката утре?

Македонија Општо

Пишува: Слободан ТОМИЌ

Слободан ТОМИЌ

Во светот каде што кризите се секојдневие, една , демографската , тивко и опасно ја гасне иднината.

Македонија е на работ од бездната. 

Македонија се празни, а критичарите молчат, уплашени од вистината.

Во држава каде што премолчувањето стана стратегија, а лажната толеранција го задуши здравиот разум, конечно некој проговори за најтивката, но најопасната криза , демографската смрт.

ТИВКАТА КРИЗА ШТО УБИВА НАЦИИ

Ова не е криза што палат гуми пред Влада.

Ова не е криза со маршеви, со фрлени јајца или хистерија на социјалните мрежи.

Ова е криза на празни креветчиња, на непостоечки првачиња во селата, на изгаснати дворови без детска врева.

Ова е криза на иднината , без деца, без семејства, без надеж!

МИЦКОСКИ ГО КРЕНА АЛАРМОТ, И СО ПРАВО

Премиерот Мицкоски, за првпат по децении, отвори тема што беше табу за целата транзициска елита.

Не затоа што не постоеше, туку затоа што сите се плашеа да ја признаат , Македонија се топи.
И уште молчиме.

Нашата состојба е алармантна: додека некои држави ова го препознаваат како тренд, кај нас тоа е национален аларм.

Претходните влади, со исклучок на Груевски, го ставаа проблемот под тепих. 

Сега гледаме колку е скапа таа негрижа.

Фактите се сурови: во 2024 година се родени 16.061 деца, а починати 20.201 лице.

Тоа е природен пад од 4.140 луѓе во една година.

Во последните четири години, изгубивме над 33.000 жители , како да исчезна цел град со големина на Кавадарци или Кичево.

Наталитетот од 12,5 промили во 2010, падна на 8,8 во 2024 година.

Во многу општини и села веќе нема ниту едно прво одделение.

Се повеќе луѓе живеат сами, се помалку се склопуваат бракови, се помалку се раѓаат деца.

Ова не се само бројки. 

Ова е молк што се шири.

КОГА СЕ РАЃА ПОМАЛКУ, ИДНИНАТА СЕ ГАСИ

Во некои општини нема ниту едно прво одделение!

Цели училишта се празнат!

Цели села се претворија во сеништа!
Луѓето живеат сами, без деца, без брак, без смисла!

 Не , ова не е статистика.

 Ова е човечка пустош!

КОМУ МУ ПРЕЧИ ДА СЕ ЗБОРУВА ЗА СЕМЕЈСТВОТО?

Кога Мицкоски предложи мерки за зголемување на наталитетот, за поддршка на младите семејства, за заштита на она што се уште постои , веднаш беше нападнат.

СДСМ и неколку идеолошки НВО-а го нарекоа популизам, ретроградност, предизборен маркетинг.

Ако е страв, тогаш зошто и вас ве нема , од страв?

ДАЛИ ПОДОБРО Е ДА ИМА ПОПУЛИЗАМ СО ДЕЦА ИЛИ ПРОГРЕС СО ПУСТИНСКА ДИМЕНЗИЈА?

Што е популизам , да поттикнеш семејства или да ја игнорираш реалноста?

Да поддржиш родилки, или да ги еманципираш со теории увезени од метрополи каде што има се , освен душа?

Кому му пречи држава што сака да постои и утре?

ПРИМЕРИ ОД СВЕТОТ: ВИСТИНСКИ ДРЖАВИ, ВИСТИНСКИ МЕРКИ…

Унгарија – даночни олеснувања за мајки со повеќе деца, субвенционирани кредити, поддршка за млади семејства.
Италија – породилна карта, семејни додатоци.
Јапонија – автоматизација на грижата за старите и стимулација на наталитетот.
Јужна Кореја – државна стратегија за културна и социјална промена.

Ова не се совршени модели, но се сериозни обиди.

За разлика од нив, кај нас темата е табу , или уште полошо, тема за дневен политички напад.

ДЕМОГРАФИЈАТА Е НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА, НЕ ПАРТИСКА ПОЛИТИКА!

Ако ова не го сфатиме како национална битка, утре нема да има кој да се бори!

Демографијата не смее да биде партиска алатка ,таа мора да биде државен приоритет.

Тоа бара зрелост.

Тоа бара визија.

И признавање дека не живееме само за себе, туку и за децата што допрва треба да се родат.

КОЛКУ Е СТРАШНО ДА ГО СЛУШНЕШ ЗБОРОТ ,,БЕЗ,,?

Без деца. 

Без иднина!

Без ученици. 

Без нови бракови!

Без младост!

Без смеа во  населбите!

Без гласови во училиштата!

Без живот!

ЗАТОА ,ПРАШАЊЕТО НЕ Е:ДАЛИ ПРЕТЕРА МИЦКОСКИ?
ТУКУ: ДАЛИ Е ПРЕКАСНО?


Ако денес не се соочиме со оваа криза, утре можеби нема кој да се соочи!

Ова не е борба за бројки.

Ова е борба за иднината.

За Македонија!

Ако еден ден оваа колумна се чита во празна библиотека , нека знаат дека некои од нас зборуваа кога требаше!

Некои од нас повикаа да се брани животот.
И семејството.
И државата.

Ќе има ли кој да ја светне светилката утре , или ќе ја оставиме во темнина, со празни раце и празни срца?

Please follow and like us: