Колумна на Слободан Томиќ – Интерпелацијата на јавниот обвинител Љупчо Коцески, Симболичен пад или почеток на крајот на судската омерта?

Македонија Општо

Пишува: Слободан Томиќ

Слободан Томиќ

На 29 јули 2025 година, македонскиот парламент со 71 глас “за” изгласа интерпелација за Љупчо Коцески, актуелниот јавен обвинител. 

Иако по Устав интерпелацијата нема правнообврзувачка сила врз неговата функција, ова е првпат откако постои независна Македонија, еден јавен обвинител да добие масовна и формална политичка осуда. 

Тоа е чин кој ја отрезни јавноста ,дали конечно почнува да паѓа неприкосновената мрежа на судска недопирливост? 

Или е ова само симболична жртва, фрлена за замаглување на вистинската мафијашка симбиоза меѓу обвинителството и политиката?

Ова не е уште една „колумна“ , ова е историска анализа на нашата болна тишина

Ние не зборуваме тука за еден човек, туку за системот на судска „омерта“ , кодекс на молк, воведен и негуван уште од транзициските 90-ти.

Секоја власт си имала свој „верен“ јавен обвинител. 

Некои беа службеници на СДСМ, други послушници на ВМРО, трети трговци на ДУИ.

Но заедничкото за сите нив беше едно , никој не беше гласот на правдата, туку слугата на власта.

Македонската Омерта, кодекс на молк: молчи, унапреди се и богати се!

Кај нас, „омерта“ не е само мафијашки кодекс , таа е институционален стил на функционирање.

За 34 години независност:

  • Ниту еден јавен обвинител не одговарал кривично.
  • Ниту еден судија не бил осуден за прикривање на организиран криминал.
  • Ниту еден член на Судскиот совет не поднел оставка за морална компромитација.

Наспроти тоа , тие станаа милионери, сопственици на станови, злато, викендици и влијание. 

Народот осиромашуваше, а „браникот на правдата“ трупаше имот. 

Нивните деца студираа во странство, додека сиромашните студенти молеа за стипендии.

Коцески, пад на иконата или пуштен балон?

Интерпелацијата против Љупчо Коцески дојде како последица на долгогодишно незадоволство од селективна правда, молк во истраги, соработка со корумпирани структури, и апсолутна незаинтересираност за гласот на граѓаните. 

Но , некои се прашуваат:„Дали Коцески падна зашто е слаба алка, или затоа што одби да биде дел од новата постава?“

Во секој случај, неговото заминување не значи ништо ако не паднат и неговите соучесници , обвинители, судии, членови на Судскиот совет и нивните политички патрони.

Судската мафија не умира со еден глас, таа се неутрализира со системски удари!

Ако не се отвори темата за потеклото на имотот на судиите и обвинителите,ако не се побара јавна ревизија на сите политички предмети,ако не се искорени “заштитената каста во ЈО, УБК/АНБ, финансиска полиција и во судството “, тогаш сè ќе биде само козметика за медиумска јавност.

Кој е следниот чекор, и кој има храброст  тоа да го превземе?

Ќе ги именуваме работите поимено:

  • Дали некој ќе отвори предмет за поврзаноста на одредени судии со бизнис-елитата и тајкуните?
  • Ќе се истражи ли улогата на странските амбасади во заштита на поединци во обвинителството?
  • Ќе се провери ли дали имало директни наредби од политичари до обвинители – со Вибер, преку советници или „доверливи извештаи“?

Народот чека и памети. 
И ако не добие одговор , ќе пресуди сам.

Почеток на крајот на судската омерта, или уште една димна завеса?

Ако ова беше само политички театар, тогаш ќе се врати она старото: нов обвинител, стара омера, нова шминка.
Но ако навистина има волја за пресврт, тогаш:

  • Ќе се отвори пат за судска лустрација.
  • Ќе се спроведе антикорупциска истрага во самото обвинителство.
  • Ќе се спроведе реална конфискација на незаконски стекнат имот.

Секој друг исход ќе значи едно: “Ќе падне Коцески, но ќе преживее системот.”

Таму каде што преживува системот на неправда , народот ќе мора да стане обвинител.

Гласот на народот, кога еднаш ќе се разбуда и изговори: „ДОСТА Е!“ , не го сопираат ни судии, ни обвинители, ни странски амбасади.

ОМЕРТА ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО, ВРЕМЕ Е ЗА МАКЕДОНСКИОТ ФАЛКОНЕ!

ОМЕРТА , КОДОТ НА МОЛКОТ

Македонија живее под политичка омерта, кодекс на молк меѓу обвинители, судии, политичари и олигарси. 

Се прикриваат, не се гонат еден со друг, не одговараат. 

И сите партии , од СДСМ, ДУИ до старото ВМРО , имаат свои фигури во тој мрачен синџир.

ПРЧЕВСКИ ГО КАЖА ПРВ: „ЈАС СУМ БУДАЛАТА“….?!

Некогашниот обвинител Александар Прчевски, поставен од СДСМ и блисок до Бранко Црвенковски, јавно рече:

„Јас сум веројатно последната будала што прифати да биде државен јавен обвинител.“

Со тоа призна дека функцијата е заробена, условена, контролирана. 

Дека од обвинителите се барало лојалност, не правда. 

Прчевски, иако дел од системот, јавно го призна болниот механизам , и затоа беше маргинализиран.

ИТНО, НИ ТРЕБА МАКЕДОНСКИ ФАЛКОНЕ!

Сицилија го имаше Фалконе , ние треба да го родиме својот. 
Човек кој не молчи, не се пазари, не тргува со правдата.Човек кој нема да се плаши да чепне во врвот на ДУИ, бизнисот на СДСМ, транзициските тајкуни, и да ги отвори досиеата на сите „светци“ во судскиот свет.

ЗОШТО СДСМ И ДУИ ГО ШТИТАТ КОЦЕВСКИ?

Коцевски е нивниот столб во обвинителството.

 Од него не тргна ниедна истрага против функционери на ДУИ, ни за “Сарај”, ни за Електрани, ни за урбани зделки. 

Кога ВМРО-ДПМНЕ бараше интерпелација , СДСМ и ДУИ гласаа против. 

Стравот беше очигледен:ако падне Коцевски , ќе падне целата пирамида.

ПОДДРШКА ЗА МИЦКОСКИ, ДОЈДЕ ВРЕМЕТО…

Затоа денес, народот мора да застане зад премиерот Христијан Мицкоски. 

Тој не само што го покрена прашањето, туку ги изложи на светлина оние што цел живот дејствуваа од сенка.

Ова не е веќе борба за власт.

Ова е борба за душата на државата.

Финалната пресуда:

Ако некој го чита ова и мисли дека е „само политички текст“ , греши.
Ова е Јавен повик за ПРАВДА! 

Да, повик за правда, за транспарентност, за  Македонија без кодекси на тишина и корумпирана омерта !

Please follow and like us: