Николоски: Со Грција имаме можност да станеме најдобри економски партнери во регионот

Македонија

– Ако дадеме еден политички импулс, мислам дека соработката со Грција ќе оди многу нагоре и дека можеме навистина да имаме одлична економска соработка и дефинитивно да станеме најдобри економски партнери во регионот, затоа што го имаме тоа како можност, нагласува заменик – претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за МИА од Атина по средбите со високи претставници на грчката Влада.

Економската соработка, Коридорот 10, брзата пруга, регионалното поврзување беа во фокусот на средбите на министерот со вицепремиерот на Грција Костис Хаѕидакис, со министерот за инфраструктура и транспорт Христос Димас, со алтернативниот министер за инфраструктура и транспорт надлежен за железничкиот сообраќај Константинос Киранакис, како и со менаџментот на пристаништето Пиреа.

За вицепремиерите на двете земји ова беше прва средба со која се истакна важноста и промоција на економската соработка и регионалните инфраструктурни проекти, а на средбата биле потврдени заложбите на двете земји за подобра регионална соработка во делот на инфраструктурата, транспортот и услугите.

Please follow and like us: