Отворено писмо на Слободан ТОМИЌ – Крај на подбивањето: Македонија нема да толерира предавници и криминалци

Македонија Свет

Претседателката го даде примерот со државничко достоинство; сега е време политичките подбивања и криминалните мрежи — СДСМ, ДУИ и нивните соработници — да одговараат пред народот и правдата.

Почитувана претседателке,

Македонците во светот со децении остануваат запоставени, распрснати низ пет континенти без институционална грижа, без јасна стратегија, без глас што ќе ги обедини и поврзе со татковината. 

Дијаспората носи милијарди во Македонија, инвестира, гради и ја држи економијата жива, а државата сè уште нема создадено механизам што достоинствено ќе ја координира таа сила.

ЗОШТО НИ Е ПОТРЕБЕН НАЦИОНАЛЕН КООРДИНАТОР

Не станува збор за уште едно бирократско место.
Станува збор за стратегиска позиција што ќе ги обедини сите Македонци, во Австралија, Канада, Америка, Европа, Скандинавија, па сè до Јужна Америка. Националниот координатор за Македонците во светот треба да биде мостот меѓу државата и нашите луѓе надвор, гласник на нивните интереси, но и чувар на националниот идентитет.

СКАНДАЛОТ СО ФИЛИПЧЕ, ПРИМЕР КАКО НЕ СЕ СМЕЕ

Сите видовме како поранешниот министер за здравство,и актуелен претседател на СДСМ, Венко Филипче си дозволи да го омаловажи највисокиот американски дипломат во Стејт департментот за Европа и Евроазија, Brendan Hanrahan , вршител на должност помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, нарекувајќи го „низок чиновник“.

Тоа не беше само лична глупост , тоа беше навреда за македонско-американските односи, удар врз нашата дипломатија и јасен показ дека Македонија не смее да биде претставувана од луѓе кои немаат ниту знаење, ниту култура, ниту респект.

Истовремено, Андреј Жерновски се исмеваше со Вашата фотографија со восочните фигури на Доналд и Меланија Трамп , евтина политичка иронија што открива недостиг на елементарно разбирање за државничко претставување.

ПОКАЖАНА ЧЕСНА СОРАБОТКА

Вистинските државници, односно оние што ја ставаат Македонија и народот пред партиските интереси, покажаа дека чесна и одговорна соработка е можна , вистински тријаголник на доверба меѓу кабинетите на Претседателот и Премиерот и Националниот координатор, кој ја зацврстува позицијата на Македонија и ги обединува Македонците дома и во светот.

ЈАС ГО НУДАМ МОЕТО ИСКУСТВО

Јавно и со целосна одговорност кажувам: јас сум подготвен да ја преземам оваа одговорност.

Не поради лична амбиција, туку затоа што моето животно дело е токму ова – 25 години континуирано работам со 

Македонците во светот. Ги познавам нивните болки, надежи и потреби.

Ги познавам организациите, бизнисмените, интелектуалците, културните друштва и секој македонски дом од Торонто до Мелбурн.

Има илјада аргументи зошто баш јас треба да бидам тој координатор.

Но најважниот е еден: јас не гледам на оваа функција како на фотелја, туку како на завет , Македонија и Македонците, каде и да се, да останат едно тело, еден дух, една нација.

АПЕЛ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА

Време е, претседателке, да покажете историска визија.
Време е да се создаде функција Национален координатор за Македонците во светот и таа да ја добие личност со кредибилитет, искуство и чиста љубов кон Македонија.

Нема повеќе време за експерименти. Македонија мора да стане држава што ги собира своите деца, а не што ги расфрла.

Во име на иднината, во име на оние што секој ден работат и создаваат во туѓина со мислата за татковината , ви стојам на располагање.

Со почит,

Пишува: 

м-р Слободан ТОМИЌ

Please follow and like us: