ВМРО-ДПМНЕ со честитка за празникот Богојавление-Водици

Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид до сите верници од православна вероисповед упатува најискрени и најсрдечни честитки по повод христијанскиот празник Богојавление-Водици.

„Богојавление-Водици, симбол на новиот почеток, денот кога Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител. Почетокот на светот е водата, почетокот на Евангелието е Јордан. Крштевањето како света тајна на христијанството значи духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата.
Големиот ден да нè води кон живот исполнет со љубов и милост, да се радуваме на денот кога Бог нè приближи кон себе и ни дари нов живот. Радоста на празникот е токму во верата дека сѐ може одново да се измие, очисти, обнови и повторно да се роди. Во нас и во Македонија не згаснала надежта и жедта за доброто, совршеното и убавото, за љубов кон ближните, верба во Бога чијашто светлина ќе го озарува целокупното наше битие.
Нека ни е честит и вековит празникот Богојавление-Водици!
Бог се јави!
Навистина се јави!“, стои во честитката на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Please follow and like us: