Пишува:Слободан ТОМИЌ

ПРВА СТАНИЦА: ПРЕСПАНСКИОТ ДИЛ, ПОЧЕТОКОТ НА КЛИСУРАТА

Каде што идентитетот беше ставен на маса, а власта беше наградена со ордени.
Ниту една мапа на пропаѓањето на овој СДСМ не може да почне без местото каде што тргнаа по пат од кој повеќе нема враќање, Преспанскиот договор.
Таму, во најмрачната политичка ноќ на современа Македонија, СДСМ го стави својот потпис под документ кој наметна промена на име, разградување на идентитетот и потчинување на македонската државност под меѓународни диктати.
Не е случајно што веднаш по тоа, стигнаа наградите:
- медали од западни дипломати,
- аплаузи од меѓународни центри,
- и уште поголема политичка глад за лични позиции.
ВТОРА СТАНИЦА: ШЕКЕРИНСКА, НАГРАДЕНОТО ЛИЦЕ НА ПРЕСПА

од министерка до „заменик-генерален секретар“… како награда за послушност.Бомбона бизнис,нели?
Круната на цинизмот се појави кога Радмила Шекеринска, човекот кој со политичка еуфорија го туркаше Преспанскиот договор, беше предложена, туркана и прогласувана како „идеална“ за функцијата заменик-генерален секретар на НАТО.
Тоа беше клучниот сигнал:
Преспа не беше државен интерес, беше билет за индивидуални кариери.
Шекеринска го доби статусот на „награден лик“, политички лик кој не се повлече поради принцип, туку беше симбол на тоа колку далеку може да стигне СДСМ кога тргува со националните интереси.
ТРЕТА СТАНИЦА: БОНБОНА-БИЗНИСИТЕ И ЦЕНАТА НА ИДЕНТИТЕТOT

кога државата стана приватен пазар
Следеше фаза што цел народ ја нарече „бонбона бизнис“ – термин кој се роди кога јавноста сфати дека:
- фирми блиски до власта цветаат,
- тендери се делеа во четири очи,
- јавни набавки станаа политички подарок за најблиските.
Секој иденитетски отстапувачки потег отвораше по еден нов „бонбона бизнис“.
Тоа беше тајниот курс на СДСМ: идентитет за профит.
ЧЕТВРТА СТАНИЦА: ЗОРАН ЗАЕВ И „ВAВИЛОНСКАТА КУЛА“ ОД 88 КАТА ВО ДУБАИ

симболот на паралелната држава, на сенката која и денес ги управува
Зоран Заев одамна не е само политичко име.
Тој е архитект на распадот,а неговата „вавилонска кула“ од 88 ката во Дубаи стана метафора за паралелната држава што ја создаде:
додека Македонија се празнеше од младите, СДСМ елитата си градела империја далеку од очите на јавноста.
Вестите за неговите ноќи во Дубаи, заедно со „пајташи“ од владините кругови, за приватни журки со пејачи од регионот, не се само трач.
Тие се огледало на тоа што беше создавано паралелно со сите политички отстапки дома.
ПЕТТА СТАНИЦА: ИДЕНТИТЕТСКИТЕ УЦЕНИ НЕ ЗАВРШИЈА

францускиот предлог, бугарскиот диктат, протоколите, амандманите…
После Преспа, следуваше уште потежок удар.
Македонскиот идентитет беше ставен под нови државни уцени:
- францускиот предлог кој отвори врата за историски ревизии,
- бугарскиот диктат кој од Македонија бараше да се откаже од сопственото минато,
- протоколи како инструмент за постојано следење и притисок.
СДСМ не само што се согласи, тие водеа кампања дека тоа е патот за „Европа“.
И додека тие го правдаа диктатот, Македонија го гледаше сопственото бришење во живо.
ШЕСТА СТАНИЦА: ВНАТРЕШНОТО ПРАЗНЕЊЕ, ДЕГРАДАЦИЈА, СТРАВ И ДЕЗОРГАНИЗАЦИЈА
СДСМ само уште формално постои, суштината одамна се распадна
Во самата партија, веќе се гледа:
- масовно напуштање,
- недоверба,
- внатрешни блокови,
- лидери без авторитет,
- сенки од минатото кои и денес владеат зад завеси.
Оваа фаза го носи името:
„Мапата на распадот“, точката од која нема враќање
РЕЗИМЕ: СДСМ Е РАСПАДНАТА МАПА, А НЕ ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА

Сето ова не е ниту случајно, ниту привремено.
Овој СДСМ се распаѓа затоа што 7 години градела политика на:
- отстапки,
- уцени,
- лични кариери,
- приватни бизниси,
- и паралелна држава во Дубаи.
Сега тој систем се враќа како бумеранг.
Мапата не покажува пат напред, туку местата каде што оваа партија конечно пропадна.

