Колумна на Слободан ТОМИЌ – Ален Mинк го разобличува Макрон: Менторот го нарече „Најлош Претседател“ – А што остава тој за Македонија?

Македонија Свет

Пишува: Слободан ТОМИЌ

Слободан ТОМИЌ

„Кога лидерот ја губи способноста да ја гледа реалноста, цели народи ја плаќаат цената.“
— Алексис де Токвил

МЕНТОРОТ ГО ПРЕСЕКУВА: „МАКРОН Е НАРЦИС УПАТЕН КОН САМОРАЗОРУВАЊЕ“

Ален Минк, човекот што стоеше зад политичкото раѓање на Макрон, го осуди со зборови какви ретко се слушаат за актуелен шеф на држава:

  • „Најлош претседател од 1958.“
  • „Нарцис кој донесува погрешни одлуки.“
  • „Човек што ги загрозил институциите.“

Тоа е удар од самата срцевина на системот, од менторот, не од политички непријател.

ЗОШТО МАКЕДОНИЈА ВЕЌЕ ГОДИНИ ГО ПЛАЌА МАКРОНОВИОТ ЕГОИЗАМ ?

Макроновата надменост ја претвори Македонија во колатерална штета:

  • ја блокираше европската перспектива,
  • го наметна т.н. „француски предлог“,
  • дозволи бугарски диктат,
  • ја претвори европската идеја во инструмент на притисок.

За него, Македонија не беше партнер, беше административно досие.

ФРАНЦИЈА ТОНЕ, ЕВРОПА СЕ ПРЕСТРОЈУВА, А МАКЕДОНИЈА ГО НОСИ ТОВАРОТ ОД ТУЃИТЕ ГРЕШКИ

Минк објаснува дека Макрон ги разнишал:

  • институциите,
  • политичкиот центризам,
  • европската стабилност,
  • и ја засилил екстремната десница.

Тоа не е само француска трагедија. Тоа е европска реалност што ја поткопа и македонската иднина.

ГЕРМАНИЈА ЈА ПОТВРДИ ПОДДРШКАТА ЗА МАКЕДОНИЈА, НО ДАЛИ Е ДОВОЛНО?

Последните дипломатски активности на Германија го отворија прашањето:

Дали конечно Европа сфаќа дека Македонија беше жртва на туѓи политички авантури?

Германија:

  • јавно ја поддржа евроинтеграцијата на Македонија,
  • испрати охрабрувачки пораки,
  • јасно подвлече дека иднината на регионот е во ЕУ,
  • нагласи дека Македонија ги исполни своите обврски.

Но тоа е само половина од битката.

Германија ни подаде рака, но не удри на маса пред Париз. Дипломатска учтивост не е исто што и дипломатска одлучност.

Сепак, факт е дека со Мицкоски ситуацијата се смени:

  • Берлин гледа стабилност,
  • гледа држава што бара рамноправност,
  • гледа влада која не прифаќа политички уцени,
  • гледа партнер кој не се купува со празни ветувања.

Германската поддршка е реална, но мора да стане посилна. 

Европа веќе нема луксуз да го слуша само Париз. Особено не сега, кога дури и Макроновиот ментор ја разоткри вистината.

ПЕДАГОШКО ОТРЕЗНУВАЊЕ ЗА МАКРОН: КАКО НЕ СЕ ПРАВИ ЕВРОПСКА ПОЛИТИКА

Макрон треба да ја разбере едноставната вистина: блокаторската политика кон Македонија не е нова, но секогаш била санкционирана од историската правда.

Негов колега, Никола Саркози, уште тогаш покажуваше колку е лесно една земја со европски корени да биде неправедно тргната на маргината. Македонија, земја што го носи своето историјско и библиско име , заслужуваше и заслужува да биде полноправна членка на Европа, без условувања и без обезличување.

Историските факти се јасни и недвосмислени:

  • Во 1992 година, проф. др. Бадинтер, експерт по уставно право, со своја одлука го даде зелено светло за интеграцијата на Македонија во Европската Унија.
  • Македонија ги исполнуваше и ги исполнува сите стандарди на ЕУ за членство, според европските критериуми и меѓународното право.

Секој кој денес ја блокира Македонија, без разлика дали е Франција или кој било друг член на ЕУ, се оддалечува од европските принципи: правдата, еднаквоста и почитувањето на историското право.

Макрон треба да го прочита ова внимателно. 

Не станува збор за политичка игра или личен егоцентризам. Станува збор за историска и правна обврска на Европа: Македонија е европска земја по право, и било какво блокирање е анти-европско.

МАКЕДОНИЈА МОРА ДА БИДЕ ЧЕКОР ПРЕД НЕПРЕДВИДЛИВОСТА НА МАКРОН

Не смееме да се потпираме на човек кој во сопствената држава е обвинет за:

  • политичка дезориентација,
  • ароганција,
  • институционални штети,
  • подривање на демократската архитектура.

Кога таков лидер става вето, малите држави страдаат први,а Македонија тоа го почувствува многу пред Французите.

РЕЗИМЕ: ГЕРМАНИЈА НÈ ПОДДРЖУВА, МАКРОН ПАЃА, А МАКЕДОНИЈА МОРА ДА ГО ЦРТА СОПСТВЕНИОТ ПАТ

Ален Минк го разоткри тоа што ние одамна го гледавме:

Макрон не е архитект на Европа, туку архитект на сопствениот политички хаос.

Затоа:

  • германската поддршка е столб,
  • Мицкоски е фактор што Европа го почитува,
  • Македонија мора сама да ја диктира сопствената иднина,
  • и никој повеќе да не ја крои нејзината судбина.

Европа се менува.
Макрон се распаѓа,а Македонија мора да остане достоинствена, рамноправна и непокорена.

Please follow and like us: