На 06.12.2025 година во 22.20 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, во охридското село Велгошти, од слобода го лишија (45) од Охрид кај кого, при извршен преглед, пронајдена и одземена е опаковка со бела прашкаста материја. Тој е затекнат при остварен контакт со (31), (26) и (50) сите од Охрид кои поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, дополнително се лишени од слобода. По целосно расветлување и документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Please follow and like us:

