Продлабочување на соработката: Мицкоски оствари средба со генерал-мајор Грегори Најт

Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски денес оствари средба со Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт.

-Во разговорот се осврнавме на продлабочување на соработката меѓу нашите институции, особено во домените на обуката, размената на искуства и поддршката во изградбата на модерни и ефикасни одбранбени капацитети, посочи Мицкоски.

На средбата присуствуваа и министерот за одбрана Владо Мисајловски, амбасадорката Анџела Агелер, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Please follow and like us: