Колумна на Слободан ТОМИЌ – Падот на СДСМ и непотопливиот чесен човек: Ивица Томовски – симбол на чесноста

Македонија

„Кога клеветата ќе стане оружје на слабите, вистината станува крепост на силните.“ – Виктор Иго

Виктор Иго

Пишува: Слободан ТОМИЌ

Слободан ТОМИЌ

СДСМ ВО ПАНИКА КАКО ПОТОНАТИОТ „ТИТАНИК“

СДСМ повеќе не е политичка партија.
Тоа е распарчена организација, потоната во сопствениот страв, во сопствениот гнев и во сопствениот очај.

Поранешниот министер и координатор на пратеничката група, Оливер Спасовски, јавно призна дека партијата „паднала на дното“.
Поранешниот генерален секретар и градоначалник, проф. д-р Андреј Петров, рече дека „СДСМ се распаѓа и мора да се ресетира“.
Венко Филипче, затскриен зад сенката на Заев и играјќи ја улогата на „малиот ЛуЈ XIV“,никако да си даде оставка, наликува на :
„СДСМ – тоа сум јас.“

 Кога болниот дух ќе го прогласи своето его за држава, тоа значи само едно: крајот е тука.

БОМБИТЕ КАКО ПОСЛЕДНО ОРУЖЈЕ НА ПОРАЗЕНИТЕ

СДСМ, свесен дека нема политички капитал, нема доверба и нема иднина, почна да пушта измислени бомби и фабрикувани прес-конференции.

Повеќе не целат кон владата.
Повеќе не целат кон јавноста.

Тие денес панично го напаѓаат директорот на СОЗР – Ивица Томовски, чесен службеник, човек без сопствена фирма, човек кој отворено вели:

„Проверете сè. Јас работам чесно цел живот.“

Што прави СДСМ?
Го вади неговиот телефонски број, број што го има целиот град, број што со години му стои на сметките, на документите, на контакт-листите.

Тоа ли е „бомба“?
Тоа ли е „криминал“?

Не !
Тоа е смрдлив балон на политички давеник.

ОБВИНЕНИЈА БЕЗ ДОКАЗИ, КАКО РЕЦЕПТ ЗА ПОЛИТИЧКА СМРТ

СДСМ тврди дека фирмата што добила 161 тендер, е „семејна“.
Но компанијата „Сити аутсорсинг“ јавно и документарно негира било каква поврзаност со Ивица Томовски.

Томовски јавно потврдува:
– Ниту сум сопственик.
– Ниту сум соработник.
– Ниту имам удел.
– Ниту сум дел од фирма.
– Немам никаква приватна компанија.

А што покажува истрагата на „антикорупцискиот тим“ на СДСМ?

Дека бројот му бил негов.
Дека таткото му се викал Витомир.
Дека зетот му бил роднина.
Дека внукот постоел.

Драги мои,
Ова не е истрага.
Ова е карикатура.
Ова е малициозно клеветење.
Ова е „држете го крадецот“ сценарио, напишано во Дубаи и испратено преку партиски курир.

ТОМОВСКИ: ЧЕСЕН, СПОКОЕН,И ПАТРИОТСКИ НАСТРОЕН 

Ивица Томовски реагира достоинствено, мирно, но силно:

„Ќе одговараат. Следува тужба.“
„Работам чесно.

 Нека проверуваат сите.“
„За извинување е потребна доблест, тие ја немаат.“

Тој не бега.
Не се крие.
Не измислува.

Тој ја брани сопствената чест, својот професионален интегритет и угледот на институцијата што ја води.

Таквите луѓе се ретки во нашата држава.
И затоа токму нив СДСМ ги мрази најмногу, зашто не можат да ги купат, не можат да ги уценат, не можат да ги свиткаат.

СДСМ ГО ПОНИЖУВА БИЗНИС СЕКТОРОТ: УДАР ВРЗ ДОМАШНИ КОМПАНИИ

„Сити аутсорсинг“, компанија со над 70 вработени, успешно работејќи со години, со редовно подмирување на обврски, јавно соопшти:

„Томовски нема никаква деловна, кадровска или друга поврзаност со нас.“

СДСМ за да го нападне Томовски, без докази и без срам, го напаѓа и приватниот сектор.
Го урива угледот на домашните фирми.
Ги плаши инвеститорите.
Покажува дека е подготвен да уништи секоја македонска компанија која не му служи како политички реквизит.

Тоа е кулминација на политичката злоупотреба, најниското ниво на кое една некогаш голема партија паднала.

РАСПАЃАЊЕТО НА СДСМ, НЕМА ВЕЌЕ ПОВРАТЕН ПАТ

СДСМ не се дели повеќе на фракции.
СДСМ се дели на:

– Спасовски, признание за дното  на СДСМ

– Петров, признание за распадот на СДСМ
– Филипче, сенката на Заев
– Заев, темниот центар на хаосот
– Очајници, фабриканти на „бомби“

Тоа не е партија.
Тоа е коалиција на поразени и изгубени души кои бараат виновник во туѓи дворови за да не ја видат сопствената политичка гробница.

ТОМОВСКИ: НЕПОДМИТЛИВ СТОИК, СИМБОЛ НА НОВАТА МАКЕДОНСКА ЧЕСНОСТ

Ивица Томовски стана пример за новиот државен службеник кој владеењето го сфаќа како одговорност, не како привилегија.
Како работа, не како роба.
Како чест, не како занает за богатење.

Тоа е духот што го донесе Мицкоски, нова архитектура на одговорни, млади, чесни и непоткупливи луѓе.

Затоа панично го напаѓаат.
Затоа ги отвораат сите канализации со лаги.
Затоа денес им остана само да пуштаат бомби што никој не ги слуша и никој не им верува.

МАКЕДОНИЈА СЕ КРЕВА, СДСМ СЕ ГУБИ ВО ЖИВИОТ ПЕСОК

Ова не е напад врз Томовски.

Ова е последен обид на една партија која се дави.
Последен вресок на политичкиот „Титаник“ кој исчезнува под водата.
Последен обид да ја помати водата, за да не се види нивната сопствена кал.

Но Македонија гледа.
Македонија слуша.
Македонија разбира.

И Македонија знае дека чесните луѓе како Ивица Томовски,  не се жртви.
Тие се темели.

Темели врз кои се гради новата држава.
Темели врз кои се крева новата политика.
Темели врз кои ќе се изгради едно подобро утре, македонско, достоинствено, исправено.

ФИНАЛЕН ЗБОР: ВИСТИНАТА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЗАПРЕ

СДСМ може да пушта бомби.
Може да лепи лаги.
Може да измислува роднинства, броеви, фантазии и фабрикати.

Но едно не може:

Да го сопре човек што оди со чист образ и исправен грб.

И затоа, 
оваа пресилна мега анализа завршува вака:

Ивица Томовски не е мета.
Тој е пример,а примерите се непобедливи.

Please follow and like us: