Колумна на Слободан ТОМИЌ – Лидерска средба или државничка зрелост: Кој смее да бега кога државата повикува?

Македонија

Пишува: Слободан ТОМИЌ

Слободан ТОМИЌ

„Најопасни не се тие што ја напаѓаат државата однадвор, туку оние што ја разоруваат одвнатре под изговор дека ја штитат.“

Шарл де Монтескје
Шарл де Монтескје

Во сериозни времиња, сериозните луѓе не бегаат од масата, тие седнуваат, зборуваат и носат одлуки.

ПОВИКОТ НА ДРЖАВАТА НЕ СЕ БОЈКОТИРА

Во секоја нормална, уредена и самостојна држава, поканата од претседателот на Владата не е партиска љубезност, таа е државничка обврска.
Кога Христијан Мицкоски свикува лидерска средба, тоа не е приватен собир, не е кафанска седенка, ниту партиски маркетинг. 
Тоа е повик на државата кон сите политички чинители да седнат, да зборуваат и да преземат одговорност за системот, стабилноста, изборниот процес и иднината.

Игнорирањето на таков повик не е принцип.Тоа е бегство.

КОЈ ДОАЃА, КОЈ БЕГА?

Фактите се сурови и немилосрдни:
– Али Ахмети, со сите свои калкулации, условувања и агенди– доаѓа.– Димитар Апасиев, без оглед на идеолошките разлики – доаѓа.– Владините партнери – доаѓаат.– Помалите партии – доаѓаат.
Само еден останува зад затворена врата, со спуштени ролетни и подгрбавен политички став:Венко Филипче и СДСМ.

БОЈКОТОТ КАКО ПРИЗНАНИЕ НА СЛАБОСТ

Кога лидер одбива лидерска средба, тој не испраќа порака на морал, туку признава страв.Страв од разговор.Страв од аргументи.Страв од јавно соочување со сопственото политичко минато.
Бојкотот не е став.Бојкотот е алиби.Најевтината тактика на оние што немаат што да кажат, а уште помалку што да бранат.

НЕ Е ОВА КАФЕАНА, ОВА Е ДРЖАВА

Ако некој не сака „да седи со овие или со оние“, тоа може да го практикува по приватни салони, белградски кафеани или дубајски луксузи.
Но кога станува збор за државност,  нема личен кеиф, нема суета, нема бегство.
Дали да го поканиме нивниот разонодувач Харис Џиновиќ, па заедно да си пуштат музика и да тагуваат по изгубената власт?Државата нема време за таа носталгија.

ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА НЕ Е УЦЕНА, ТУКУ ТЕСТ

Оваа средба не нуди уцени, не нуди закани, не поставува услови.Таа поставува еден единствен тест:-  Дали си подготвен да седнеш и да зборуваш за државата или не?
Кој доаѓа, презема ризик.
Кој бега, самиот се дисквалификува.

АХМЕТИ И ДУИ, ПРАГМАТИЗАМ НА УЦЕНИ, НЕ ДРЖАВНИШТВО

Да бидеме јасни и без илузии:Доаѓањето на Али Ахмети не е чин на патриотизам, туку на политички инстинкт за преживување.Ахмети знае дека масата е местото каде што се тргува, каде што се поставуваат услови, каде што повторно се активираат Бадентеровите механизми како средство за уцена, а не како заштита.
Бадентерот, замислен како алатка за меѓуетничка рамнотежа, одамна е претворен во политички рекет.ДУИ со години не гради држава, туку блокира, условува и пазарува со институциите.
Но токму затоа парадоксот е поразителен:Ако и Ахмети знае дека не смее да бега од масата,што е изговорот на СДСМ?

СДСМ , ПАРТИЈА ШТО БЕГА ОД СОПСТВЕНАТА СЕНКА

СДСМ не бега од Мицкоски.СДСМ бега од сопственото наследство:од криминалот,од корупцијата,од распаднатите институции,од понижувањата на државата.Затоа молчи.Затоа се крие.Затоа одбива дијалог.

ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА, СИМБОЛ НА НЕДОВЕРБА И СТРАВ

„Пржинската“, односно техничката влада беше создадена како итна мерка во време на длабока политичка криза.Денес таа е остаток од минато на недоверба, алиби за порази и механизам за блокади.Кој инсистира таа да остане, всушност признава дека не верува ниту во изборите, ниту во народот, ниту во демократијата.

ГЛАСОТ НА НАРОДОТ Е НАД СЕКОЈ ЛИЧЕН ЌЕИФ

Секој лидер мора да знае едно:не ја води партијата за себе, туку по доверба на народот.
Кога народот очекува дијалог, лидерот нема право да бега.
Кога државата повикува, партијата нема право да молчи.

ФИНАЛЕН УДАР

Лидерската средба не е за храбрите ,таа е за одговорните.Кој доаѓа, ризикува да биде соочен.Кој не доаѓа, веќе е поразен.Историјата не ги памети оние што се криеле зад бојкоти и соопштенија.Ги памети оние што седнале на маса, и ја понеле тежината на државата.

Please follow and like us: