СВР Охрид поднесе кривична пријава за неовластено производство и трговија со дрога

Охрид Црна хроника

СВР Охрид, до Основното јавно обвинителство Охрид, поднесе кривична пријава против лицето (36) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.04.2025 на паркинг простор на хотел во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид извршиле преглед во патничко возило „Хонда“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал пријавениот, а во кое имало уште три лица, при што пронашле и одзеле марихуана.

Please follow and like us: