СВР Охрид со кривична пријава против 46-годишна охриѓанка за бесправно градење во Љубаништа

Општо Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против (46) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Таа, како инвеститор, на катастарска парцела лоцирана во охридското село Љубаништа, без правосилно одобрение за градење издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, изградила објект за домување. Врз основа на констатираната состојба, надлежен инспекторат донел решение за отстранување на градбата.

Please follow and like us: