Колумна на Слободан ТОМИЌ – Крајот на илузиите: Кога историјата удира со чекан, а политичките аматери бараат алиби

Општо Свет

Пишува: Слободан ТОМИЌ

Слободан ТОМИЌ

„Историјата не им простува на оние што во миг на криза избираат конфузија наместо став.“

Carl Schmitt
Carl Schmitt

ИРАН ПО ХАМНЕИ: КРАЈ НА ТЕОКРАТСКАТА НЕПОВРЕДЛИВОСТ

Елиминацијата на Али Хамнеи  не е само воен чин, таа е историски пресек. 
За првпат по 1979 година, теократскиот врв на Иран е погоден директно, демонстративно и без двосмислени пораки.
Ова не е „ескалација“, ова е крај на една ера.Операцијата на САД и Израел  не беше насочена кон територија, туку кон митот за недопирливост на режимот.
Ова е момент споредлив со:падот на Багдад 2003ликвидацијата на Бин Ладенраспадот на СССРИран влезе во вакуум на власт, а вакуумите во геополитиката никогаш не остануваат празни.

ОРМУТСКИОТ ТЕСНЕЦ , ГЛОБАЛНИОТ ГУШТЕР НА СВЕТОТ

Затворањето на  Ормутскиот Теснец, директен удар врз светската економија.20% од светската нафта = геополитички притисок = енергетски шок.
Ова е точката каде војната престанува да биде регионална и станува светска економска криза во најава.

КИПАР, КАТАР, БАХРЕИН: ИРАНСКАТА ПОРАКА НЕ Е ВОЕНА, ТАА Е ПОЛИТИЧКА

Ударите кон Кипар,Катар и Бахеаин не се класична одмазда.
Тие се порака во повеќе насоки:До ЕУ , „Не сте надвор од домет“До Турција , индиректен сигнал кон Реџеп Таип ЕрдоганДо муслиманскиот свет , „Ние не признаваме ничија хегемонија“Прашањето е легитимно:Дали Иран отвори фронт против сунитскиот муслимански свет?Одговорот е: де факто,  да.

БОНДСТИЛ , ЦРВЕНАТА ЛИНИЈА КОЈА ИРАН НЕ СМЕЕ ДА ЈА ПРЕМИНЕ

Бондстил не е Бахреин.Не е Катар.И не е симболичка цел.Напад врз Бондстил = директна војна со NATO.
Тоа е „прежежок костен“ и за Иран во хаос.
Затоа сценариото е јасно:– прокси напади– избегнување директна конфронтација со НАТО

МАКЕДОНИЈА: СЕРИОЗНА ДРЖАВА ВО НЕСЕРИОЗЕН РЕГИОН

Под водство на Христијан Мицкоски, Македонија за првпат реагира државнички, навремено и сојузнички.
Телефонската дипломатија на Тимчо Муцунски со Катар не е протокол, тоа е енергетска безбедност во реално време.За разлика од периодот Зоран Заев-Али Ахмет, кога:биле предупредени за Украина,не обезбедиле енергенси,ја фрлиле државата во финансиски колапс.
Оваа Влада превенира, не импровизира.

СДСМ И ФИЛИПЧЕ: ПОЛИТИКА БЕЗ КОМПАС

Тука доаѓаме до катастрофата наречена СДСМ.Венко Филипче:го поддржува нападот врз Иранја споредува Македонија со ИранОва не е политика.
Ова е ментална дезориентација.
Ако Македонија е Иран,тогаш Заев е ајатолахот,а Филипче, негов прв проповедник.
СДСМ 7+ години владееше.Тие го создадоа системот што денес го критикуваат.Тоа е политички канибализам од очај.

„АВТОРИТАРИЗАМ“ КАКО ИЗГОВОР ЗА ПОЛИТИЧКА ПРОПАСТ

Кога немаш визија, викаш „авторитаризам“.Кога немаш политика – повикуваш странски центри.Кога немаш поддршка – измислуваш Иран во Скопје.
Ова е психологија на поразен политички проект.

БЛИЦКРИГ ИЛИ ДОЛГА ВОЈНА?

Воено , блицкриг против режимот.Политички , долг и болен расплет.Иран нема да се распадне за една ноќ, но никогаш повеќе нема да биде ист.

ФИНАЛЕН УДАР

Ова не е судир на армии.Ова е судир на епохи.Македонија овојпат е на точната страна од историјата.СДСМ – на погрешната страна од реалноста.
Историјата не прашува кој што мислел.Историјата бележи кој имал храброст да заземе став.

Please follow and like us: