„8 Март – вози одговорно“: СВР Охрид со подароци и совети за безбедно возење за жените во сообраќајот

Култура Општо Охрид

Вчера (08.03.2026), отсекот за превенција при СВР Охрид во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, по повод Меѓународниот празник на жената 8 Mарт, на припадничките на понежниот пол – учеснички во сообраќајот им подарија цвеќе, пригоден сет подароци и маички со логото „ 8 Mарт-вози одговорно“, како и летоци со практични совети за безбедно управување моторни возила. Со ова, на припадничките на понежниот пол им го честитавме празникот, искажавме почит кон жените учеснички во сообраќајот и се приклучивме во одбележувањето на меѓународниот празник на жената.

Please follow and like us: