Во „Пулс“ имало само два противпожарни апарати и еден хидрант, ама бил празен

Македонија

Недостиг на основни противпожарни апарати, празен хидрант, заклучена помошна врата и отсуство на систем за пријавување пожар констатирала увидната екипа на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) по пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани.

Ова го истакна инспектор на ДЗС од подрачното одделение во Виница, кој денеска сведочеше на судското рочиште, посочувајќи дека до моментот на несреќата, Општина Кочани повеќе од една деценија немала вработено инспектор за заштита и спасување. 

Please follow and like us: