Малолетник од Охрид фатен како управува автомобил без возачка дозвола

Општо Охрид

На 13.03.2026 година во 23.35 часот, на регионалниот пат Струга – Подмољје, лишен од слобода е 16 годишен малолетник од Охрид. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „Мерцедес“ со дебарски регистарски ознаки кое тој го управувал и притоа, констатирале дека немал остварено право за управување односно немал положено возачки испит. По налог на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Please follow and like us: