Вчера (13.03.2026 година), полициски службеници од ОВР Охрид, ги посетијадецата од предшколска возраст во детската градинка„Брешиа“ во Дебар каде, низ типизирана проактивна комуникација, на најмладите им беше објаснета улогата и значењето на полицаецот во општеството, што е безбедност и каква е полициската работа, што се сообраќајни знаци и зошто треба да се почитуваат сообраќајните знаци и им беше извршена презентација, прилагодена на нивната возраст, на дел од полициската опрема што се користи при извршувањето на полициските задачи. Целта на овој проект е приближување на полицијата до децата како најмлада категорија граѓани, развивање на чувство на припадност и прифаќање на полицијата како нивен пријател но и градење на нивната безбедносна култура.
Најмладите во Дебар учеа за безбедноста и сообраќајните знаци
Please follow and like us:

