СВР Охрид со засилени превентивни активности против пожари на отворено

Општо Охрид

Поради зачестени пријави за пожари на отворен простор, СВР Охрид, ќе ги интензивира превентивните активности и контактите со граѓани и институции, со цел подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари и спречување на пожари на отворен простор. Вчера (14.03.2026 година), полициски службеници контактираа со претставници од месната заедница во селото Издеглавје како и со други жители на општината Дебрца и низ кратки разговори, ги информираа за општите мерки за заштита од пожар, за посебните превентивни мерки и препораки за заштита на шумите од пожари  при движење низ шумските појаси како и за казнените одредби по овие основи. Полициските службеници, посебно ја нагласија потребата од итно известување за евентуално настанат пожар што ќе значи брза реакција на надлежните служби за негово локализирање и гаснење.

Please follow and like us: