Првпат во светот на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија е изведена реконструкција на нос кај пациент со помош на 3Д технологија

Македонија Технологија

На Универзитетската клиника за пластична хирургија во Скопје беше изведена успешна реконструкција на нос кај пациент кој го изгубил поради малигна болест, со употреба на целосно персонализиран имплант изработен со помош на технологија за 3Д печатење.

Истата е прва операција од ваков вид во Македонија, регионот, а можеби и во светот, велат од компанијата 3DLoom.

Оваа процедура беше реализирана во соработка помеѓу компанијата 3DLoom и проф. д-р Софија Пејкова.

Операцијата беше изведена од тим составен од: Проф. д-р Софија Пејкова, Асс. д-р Катерина Јовановска, Асс. д-р Стефанија Азманова Младеновска, д-р Софија Тушева, д-р Анда Касапи, д-р Муамет Мемети, д-р Немања Ранковиќ, д-р Глорија Ѓоргова и д-р Стефан Арсенков.

Компанијата 3DLoom, во соработка со проф. д-р Софија Пејкова од Универзитетската клиника за пластична хирургија во Скопје, успешно го заврши проектот за изработка и имплантација на целосно персонализиран 3Д-изработен назален имплант кај пациент кој го изгубил носот поради малигна болест. Ова достигнување претставува прв ваков случај опишан во Македонија, регионот, а можеби и во светот, велат од компанијата.

Познатите методи за реконструкција честопати даваат незадоволителни естетски и функционални резултати, и обично бараат повеќе интервенции во текот на животот на пациентот.

Уникатноста на овој пристап лежи во комбинацијата на forehead flap техниката со персонализиран имплант изработен со помош на 3Д печатење. Ваков пристап досега не е објавен во научната литература, поради што се верува дека може да биде прв во светот. Процесот започна во август 2025 година со детална анализа на предоперативните и постоперативните снимки на пациентот. Врз основа на тоа, тимот на 3DLoom пристапи кон дизајнирање на имплантот кој требаше да ја реплицира оригиналната форма и пропорции на носот на пациентот, земајќи предвид дека секој нос е уникатен, објаснуваат од 3DLoom.





На Универзитетската клиника за пластична хирургија во Скопје беше изведена успешна реконструкција на нос кај пациент кој го изгубил поради малигна болест, со употреба на целосно персонализиран имплант изработен со помош на технологија за 3Д печатење.
Истата е прва операција од ваков вид во Македонија, регионот, а можеби и во светот, велат од компанијата 3DLoom.
Оваа процедура беше реализирана во соработка помеѓу компанијата 3DLoom и проф. д-р Софија Пејкова.

Операцијата беше изведена од тим составен од: Проф. д-р Софија Пејкова, Асс. д-р Катерина Јовановска, Асс. д-р Стефанија Азманова Младеновска, д-р Софија Тушева, д-р Анда Касапи, д-р Муамет Мемети, д-р Немања Ранковиќ, д-р Глорија Ѓоргова и д-р Стефан Арсенков.

Компанијата 3DLoom, во соработка со проф. д-р Софија Пејкова од Универзитетската клиника за пластична хирургија во Скопје, успешно го заврши проектот за изработка и имплантација на целосно персонализиран 3Д-изработен назален имплант кај пациент кој го изгубил носот поради малигна болест. Ова достигнување претставува прв ваков случај опишан во Македонија, регионот, а можеби и во светот, велат од компанијата.

Познатите методи за реконструкција честопати даваат незадоволителни естетски и функционални резултати, и обично бараат повеќе интервенции во текот на животот на пациентот.

Уникатноста на овој пристап лежи во комбинацијата на forehead flap техниката со персонализиран имплант изработен со помош на 3Д печатење. Ваков пристап досега не е објавен во научната литература, поради што се верува дека може да биде прв во светот. Процесот започна во август 2025 година со детална анализа на предоперативните и постоперативните снимки на пациентот. Врз основа на тоа, тимот на 3DLoom пристапи кон дизајнирање на имплантот кој требаше да ја реплицира оригиналната форма и пропорции на носот на пациентот, земајќи предвид дека сек

На 9 февруари 2026 година беше изведена првата операција. Проф. д-р Пејкова изработи forehead flap — емајќи дел од кожата на челото на пациентот. По четири недели, кога флапот воспостави сопствено крвоснабдување, на 9 март 2026 година беше изведена втората интервенција при која беше отсечена кожната петелка поврзана со челото. Резултатите се одлични, а пациентот изрази големо задоволство.

Please follow and like us: