Денес ќе бидат затворени за сообраќај сите споредни влезови и излези на автопатската делница Охрид -Кичево во близина на селата Требеништа и Мешеишта

Општо Охрид Регион

СВР Охрид ја информира јавноста дека од денес (29.04.2026), за сообраќај ќе бидат затворени сите споредни влезови и излези кои привремено функционираа на автопатската делница Охрид-Кичево, во близина на селата Требеишта и Мешеишта, општина Дебрца. Со цел безбедно вклучување на автопатската делница во близина на овие населени места, возачите на моторни возила , од денес, за непречено вклучување на автопатот, исклучиво да го користат пристапниот пат кај клучката во близина на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“ до кој водат споредните изградени патишта надвор од автопатот. Апелираме до возачите на моторни возила, строго да се придржуваат до овие насоки, да ја почитуваат поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализција како и насоките на полициските службеници кои, од денес ќе вршат интензивни сообраќајни контроли на овој патен потег со цел, контрола и мерки кон возачи кои ќе се обидат непрописно да се вклучат и ќе го загрозат автопатскиот сообраќај.

Please follow and like us: