Приведен 62-годишен охриѓанец: управувал мопед без возачка дозвола, возилото одземено

Охрид

На 29.04.2026 во 10:45 часот на ул.„Дејан Војвода“ во Охрид, полициски службеници го лишија од слобода (62) од Охрид. При сообраќајна контрола на патот, полициски службеници сопреле мопед со охридски регистарски ознаки, кој (62) го управувал и по извршени проверки, било констатирано дека го управувал мопедот без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Please follow and like us: