Тројца државјани на Албанија приведени на ГП „Свети Наум“ по агресивно однесување и попречување службени лица

Охрид

На 29.04.2026 во 20:55 часот на Граничен премин Свети Наум, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода М.М.(52), М.Н.(51) и Ф.Н.(26), сите од Р.Албанија. При вршење проверки на патничко возило „ауди“ со албански регистарски ознаки, кое М.М. го управувал, М.М. агресивно се однесувал и омаловажувал царински службеник кој извршувал службени дејствија, а М.Н. и Ф.Н. се обиделе да спречат полициски службеници, додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Please follow and like us: