Охрид пред историско финале: Реванш против Целје во распродадена „Билјанини извори“

Општо

ГРК Охрид вечерва од 19:00 часот во салата Билјанини извори го игра реванш полуфиналниот натпревар од ЕХФ Европски куп против Целје. Охриѓани во дуелот влегуваат со минимална негатива од 27:26 од првиот натпревар, но со голема самодоверба по прикажаната игра и враќањето во мечот во Словенија.

Во Охрид владее вистинска спортска еуфорија – салата е распродадена, а поддршката од трибините се очекува да биде клучен фактор. Иако полуфиналето веќе е најголем успех за клубот, амбициите растат кон финале, каде веќе го чека МОЛ Татабања. Со борбеност и силна публика, домаќините веруваат дека можат да ја надоместат разликата и да испишат нова историја.

Please follow and like us: