Градоначалникот Кирил Пецаков му додели благодарница на новинарот Сашо Нелоски

Култура Охрид

“ЗБОРОТ Е МОЌЕН КОГА Е ВИСТИНИТ, А ВЕЧЕН КОГА Е ПОСВЕТЕН НА РОДНИОТ ГРАД!

Денес имам особена чест да му доделам благодарница на господинот Сашо Нелоски, по повод неговото пензионирање. Ова не е само признание за неговиот децениски стаж, туку и длабоко благодарам за неговиот несебичен влог во македонското новинарство.

Сашо не беше само новинар. Tој низ децениите стана автентичен хроничар на нашиот Охрид. Преку неговите текстови и извештаи се афирмираа охридските вредности, култура и традиција, понатака Охрид достоинствено беше претставуван како духовен и туристички бисер и можеби и најважното е што вистината се чуваше како патоказ за идните генерации. Му благодариме што со гордост го носеше гласот на Охрид во етерот.

Сашо, ти посакувам спокојни и исполнети пензионерски денови, со истата љубопитност и жар за пишаниот збор!”,
напиша на својот ФБ профил градоначалник на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

https://www.facebook.com/share/p/1E6PwfEFU3/

Please follow and like us: