Во овој момент преговараме и ќе продолжиме да преговараме со ОКТА за да биде попустот повторно за да биде приближно со оној кој што го имавме, ќе видиме како ќе резултираат тие преговори, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско пршање.
-Факт е дека остануваме земја со убедливи најниски цени на горивата. Нашиот северен сосед 1,9 за дизел ние сме 1,5 за околу 40 центи по литро поевтини, западниот и јужниот сосед над 2 евра по литар, така што остануваме најевтини кога станува збор за горивата, рече Мицкокски и додаде:
„ДДВ-то за бензините е намалено за 10% , ММФ не стави во групата во привите три земји кои што аплицирале мерки визави БДП, така што ќе продолжиме и понатаму да го поддржуваме стандардот на граѓаните“.

