ГРК Охрид запиша голема победа на европска сцена, совладувајќи го МОЛ Татабања на гостински терен со 28:29! Во натпревар полн со борба, карактер и неизвесност до последната секунда, нашите ракометари покажаа шампионски дух и огромно срце.
Честитки до стручниот штаб и сите играчи за фантастичната игра, како и до навивачите кои дадоа силна поддршка од трибините во Татабања.
Охрид гордо слави — а сега сите погледи се кон реваншот дома, каде нè очекува уште еден вистински ракометен спектакл!
Please follow and like us:

