Уапсена жена од дебарско: Лажно го пријавила сопругот за семејно насилство

Македонија

Полициски службеници од ОВР Дебар вчера вечерта ја лишија од слобода 40-годишната С.Р. од дебарско село затоа што претходно во полициска станица лажно пријавила семејно насилство по член 366 од Кривичниот законик, односно лажно пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По целосно документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Please follow and like us: