РК Охрид вечерва го игра најважниот натпревар во својата историја – реванш финалето од ЕХФ Европскиот Куп против унгарскиот тим МОЛ Татабања. Охриѓани влегуваат во дуелот со предност од еден гол разлика по победата од 29:28 на првиот натпревар во Унгарија.
Натпреварот ќе се одигра денес, 31 мај 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид.
По фантастичната сезона и историскиот пласман во европско финале, избраниците на Борис Ројевиќ имаат можност да го освојат првиот европски трофеј во клупската историја и да испишат нова страница во македонскиот ракомет.
Please follow and like us:

