Охрид вечерва ќе приреди свечена прослава во чест на ракометните шампиони и освојувачи на титулата во ЕХФ Европскиот Куп. Градоначалникот Кирил Пецаков ги повика сите охриѓани и љубители на спортот да присуствуваат на настанот и заеднички да им оддадат признание на спортските херои.
Во својата објава, Пецаков истакна дека пожртвуваноста, талентот и борбениот дух на ракометарите го прославиле Охрид и македонскиот спорт на европската сцена.
Прославата ќе започне во 19:00 часот на Градскиот плоштад, каде граѓаните ќе имаат можност заедно да го одбележат овој историски успех и да им честитаат на шампионите за освоениот европски трофеј.
„Да покажеме дека Охрид знае да ги слави своите херои“, порача градоначалникот, упатувајќи покана до сите граѓани да бидат дел од свеченоста.
https://www.facebook.com/share/p/18ZpejSoq4/

