Премиерот Христијан Мицкоски денеска пред почетоткот на работниот дел на самитот Европска Унија – Западен Балкан во Тиват, изјави дека на средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц разговарале и за нон пејперот на Германија и Франција во кој се предлага постепена интеграција на Западен Балкан во ЕУ пред полноправното членство.
– Имавме билатерална средба со канцеларот Мерц, разговаравме и на таа тема. Имаме ние свој инпут во сето тоа и свое мислење, што го пренесовме. Подетално ќе разговараме за време на работниот дел на самитот. Така што да бидеме трпеливи, сепак, ова се моменти кога практично ЕУ, односно Европскиот совет јасно кажува дека процесот на проширување останува жив, рече Мицкоски.

Она што е задача на македоонската Влада, како што наведе, е „да го зачува тој процес, да напредуваме, но истовремено да не го загубиме достоинството како што тоа беше пример во изминатите децении кога станува збор за нашите македонски аспирации за членство во ЕУ“.

