Нови цени на горивата – Големо намалување на сите деривати

Македонија

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за значително намалување на малопродажните цени на сите нафтени деривати, при што новите цени стапуваат во сила од 23 јуни 2026 година од 00:01 часот.

Според одлуката, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за 3,50 денари по литар и новата цена изнесува 84,00 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 4,00 денари и ќе се продава по 86,00 денари за литар.

Најголемо намалување има кај дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, чии цени се намалуваат за 7,00 денари по литар. Така, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 80,50 денари за литар, додека Екстра лесното масло (ЕЛ-1) ќе се продава по 79,50 денари за литар.

Please follow and like us: