Колумна на Слободан ТОМИЌ – ПОЛИТИЧКАТА МАТРИЦА НА ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ: Како транзициските губитници и креаторите на националниот дебакл се обидуваат да го минираат дипломатскиот консензус

Македонија

​„Најголемиот непријател на вистината не е лагата — намерна, пресметано смислена и нечесна, туку митот упорен, убедлив и нереален.“

Џон Ф. Кенеди

Џон Ф. Кенеди

Пишува: Слободан ТОМИЌ

Слободан ТОМИЌ

Деконструкција на една очајна хистерија: Што се крие зад прес-конференциите на СДСМ?​

Македонската политичка сцена повторно е сведок на веќе виден сценарио-образец: политичките субјекти кои зад себе оставија пустош во надворешната политика, дипломатски порази и целосна институционална девастација, денес панично се јавуваат во улога на дежурни пророци на безнадежноста.

Настапот на Андреј Жерновски и серијата координативни соопштенија од Бихаќка не претставуваат ништо повеќе од безидеен и проѕирен обид за дефокусирање на јавноста од сопствениот историски, морален и политички банкрот.
​Кога СДСМ денес манипулира со поимот „тајни преговори“, тие всушност само го проекцираат сопствениот деструктивен начин на владеење. Прашањето коешто македонската јавност оправдано го поставува гласи: Кој му даде политичко и морално право на СДСМ да дели дипломатски лекции?
​
Политичката оска предводена во изминатите години од Зоран Заев, Димитар Ковачевски, Бујар Османи, Никола Димитров и Талат Џафери сега Венко Филипче со талогот,го доведе преговарачкиот процес на ниво на обичен ултиматум. Тие потпишуваа штетни протоколи, преземаа нереални обврски без национален консензус, без широк експертски консултативен процес и директно зад грбот на македонскиот народ.
Денес, истите тие профили, претставени преку вечни партиски прелетачи и амбасадори кои зад себе немаат оставено ниту еден конкретен резултат за државата, се обидуваат да конструираат лажни наративи за да ја покријат сопствената историска одговорност.
​

Разликата меѓу капитулацијата и одговорната дипломатија: Мицкоски и Муцунски на браникот на националниот интерес​

Разликата меѓу поранешниот политички аматеризам и актуелниот државнички пристап е суштинска, длабока и видлива во секој чекор.
Владата предводена од Христијан Мицкоски и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на чело со Тимчо Муцунски воведуваат целосно нов, одговорен стандард во македонската77 дипломатија: принципиелност, системска заштита и бескомпромисни црвени линии.

Министерот Муцунски прецизно ја дефинираше новата стратегија: дипломатијата бара професионална дискреција во процесот на градење преговарачка позиција, но никогаш повеќе нема да дозволи отстапки во однос на конечниот национален исход. Разговорите кои се водат „под радарот“ не се преговори за капитулација, каков што беше случајот со Преспанскиот договор или Протоколите од 2017 и 2022 година, туку стратешко градење на позиции со клучните европски центри (Брисел, Берлин, Париз) со цел да се обезбедат:
​Трајни и одржливи гаранции дека процесот на евроинтеграција нема да биде предмет на идни бесконечни и ирационални билатерални уцени.
​Временски заштитни механизми (како што потврдуваат и правните експерти) кои ќе овозможат евентуалните промени да немаат едностран, неповратлив и штетен ефект по македонскиот уставен систем.
​Апсолутна заштита на идентитетот, јазикот и историските реалности како темелни европски вредности, а не како предмет на дневнополитичка трговија.
​Премиерот Мицкоски одлучно ја прекина практиката на носење одлуки по секоја цена. Оваа Влада не прифаќа илузорна интеграција платена со национална разградба, туку бара полноправно членство во Европската Унија со зачувано достоинство, суверенитет и национална гордост.​

Разобличување на „талогот“: Зошто опозициската нервоза прераснува во паника?​

Острите партиски реакции околу терминот „општествен талог“ ја разобличија длабоката фрустрација кај структурите кои со години го хранеа македонското општество со безнадежност, корупција и системски дефетизам.
​Како што аргументирано истакна пратеникот Бране Петрушевски, нервозата кај опозициските кадри произлегува од фактот што тие самите се препознаа во точниот опис на политичката неспособност.
Со години, државниот систем беше заложник на политика која го убедуваше сопствениот народ дека Македонија мора секогаш да прифати сѐ што ќе ѝ се наметне и дека нема капацитет за економски, правен и дипломатски подем.
​Секој чекор на актуелната власт за воспоставување ред, за покренување на заглавените капитални проекти (како автопатот Кичево – Охрид), за стабилизација на економијата и за поставување цврсти дипломатски бариери директно ги руши митовите врз кои СДСМ и нивните партнери ја градеа својата политичка матрица.
​

Финале : Победата над безнадежноста е успешна и исправена Македонија​

Македонскиот народ повеќе не подлегнува на евтини дневнополитички манипулации и фабрикувани невистини.
Ерата во која надворешната политика се водеше преку сервилност, попустливост и лични созревања зад затворени врати е засекогаш завршена.
​
Владата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски, заедно со дипломатскиот капацитет на Тимчо Муцунски, докажува дека е можно да се води одлучна евроинтегративна политика, а истовремено бескомпромисно да се штитат македонските национални и државни интереси.
​Најголемиот пораз за креаторите на националниот дебакл — Заев, Ковачевски, Ахмети, Џафери, Димитров и нивните партиски гласноговорници , нема да бидат само зборовите и демантите. Најголемата и конечна победа над талогот на безнадежноста ќе биде стабилна, економски силна, идентитетски заштитена и рамноправна Македонија во Европа.

Please follow and like us: