На 07.08.2026 во 21:35 часот на магистрален пат Охрид – Кичево, кај с.Ботун, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишија од слобода (29) од с.Чучер Сандево, скопско. При превземање мерки, полициските службеници запреле патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и таблети. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Please follow and like us:

