Мисајловски: Пред 25 години Македонија загуби свои синови, а денес нивните имиња сè уште одекнуваат

Македонија

На денешен ден се одбележуваат 25 години од трагичниот настан кај месноста Љуботенски Бачила, каде животите ги загубија осум припадници на резервниот состав на македонската Армија.

По тој повод, министерот за одбрана Владо Мисајловски им оддаде почит на загинатите македонски бранители и порача дека нивната жртва за татковината никогаш не смее да биде заборавена.

„На денешен датум, Македонија изгуби уште осум свои синови, осум македонски херои, припадници на резервниот состав на македонската Армија“, објави Мисајловски.

Станува збор за Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димоски и Раде Јанковски.

Please follow and like us: