Кривична пријава против 24-годишен битолчанец – кај него пронајдена МДМА таблета кај „Билјанини извори“

Охрид Црна хроника

СВР Охрид поднесе кривична пријава против (24) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „спречување на докажување“.

На 03.08.2025 на паркинг простор на Спортскиот центар „Билјанини извори“, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена МДМА таблета, која се обидел да ја оштети.

Please follow and like us: