Охриѓанка приведена пред СВР Охрид: Со врата од „мерцедес“ удрила полицајка, па физички ја нападнала

Охрид

На 12.08.2026 во 01:17 часот на бул.„Македонски просветители“ во Охрид, пред влезот на СВР Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ја лишија од слобода (41) од Охрид. Таа со патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки се обидела да влезе во кругот на СВР Охрид, по што со врата од возилото удрила полициска службеничка, а потоа и физички ја нападнала и се однесувала агресисно и се заканувала на други полициски службеници кои извршувале службени дејствија. (41) била задржана во полициска станица и по целосно документирање нас лучајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Please follow and like us: