Пет медицински сестри и двајца фармацевтски техничари вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија

Македонија

На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија успешно е реализирана постапката за вработување на пет медицински сестри и двајца фармацевтски техничари, на кои им се доделени соодветни решенија за вработување, објавија од Клиниката на нивната фејсбук страница.

Оваа кадровска надградба, како што се посочува, претставува значаен придонес кон понатамошното унапредување на организациските и професионалните капацитети на Клиниката, во функција на обезбедување континуирана, ефикасна и квалитетна здравствена заштита за пациентите.

ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија останува цврсто посветена на јакнење на човечките ресурси, унапредување на здравствените услуги и одржување на високи професионални стандарди во третманот и грижата за пациентите, стои во објавата.

Please follow and like us: