Заврши асфалтирањето на патот до црквата „Свети Наум“ во Орман

Охрид

Општина Охрид го заврши асфалтирањето на патот кој води кон црквата „Свети Наум“ во селото Орман, со што значително се подобрува пристапот до овој верски објект.

Како што информира градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, по долгогодишно очекување жителите на Орман, како и верниците кои ја посетуваат црквата, конечно добиваат уреден и безбеден пат.

Средствата за реализација на проектот се обезбедени од Буџетот на Општина Охрид, во рамки на Програмата за уредување на градежно земјиште.

Од Општината најавуваат продолжување на инфраструктурните проекти со цел подобрување на условите за живот и рамномерен развој на сите населени места на територијата на Охрид.

https://www.facebook.com/share/r/1EoY4AJLv8/
Please follow and like us: