Тешко повредено 6-годишно дете: Татко му го прегазил возејќи во рикверц

Македонија

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајна несреќа во Тетово, откако неговиот 42-годишен татко, управувајќи „фолксваген туарег“ во рикверц, го прегазил со задното тркало.

Несреќата се случила завчера околу 08:30 часот. Детето првично било пренесено во Ургентниот центар во Тетово, а поради сериозноста на повредите итно било префрлено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Полицијата извршила увид и презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите.

Please follow and like us: