Приведени две лица во Охрид, кај нив пронајдена марихуана

Охрид

На 06.09.2026 во 02:35 часот, во СВР Охрид приведени се (31) од струшкото село Велешта и германскиот државјанин (30). При контрола во угостителски објект  лоциран на улицата „Партизанска“ во Охрид, кај нив е пронајдена марихуана. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Please follow and like us: