Приведен 41-годишен скопјанец во Калишта – кај него и во возилото пронајдена бела прашкаста материја

Регион Црна хроника

На 10.09.2026 во 17:40 часот во струшкото село Калишта, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга  го лишија од слобода (41) од Скопје. При извршен преглед кај него пронајдено е и одземено пакување со бела прашкаста материја, а во неговиот автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки пронајдено е пакување со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Please follow and like us: