Пожар во камп-приколка на охридското крајбрежје, две лица повредени при гаснењето

Охрид

На 04.10.2026 во 22:35 часот во СВР Охрид е пријавено дека во авто-камп на крајбрежјето на Охридското езеро настанал пожар во камп приколка сопственост на З.К.(44) од Скопје. При обид за гаснење со противпожарни апарати, со повреди се здобиле З.К. од Охрид и И.Ж.(32) од Битола, кои се пренесени во Општа болница во Охрид. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршија полициски екипи и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Please follow and like us: