По 11 години чекање: Охрид конечно добива покриен базен – обезбедени 8 милиони евра за завршување на проектот!

Охрид Спорт

Конечно! После 11 години чекање, Охрид го добива покриениот базен.

​На денешната владина седница конечно се стави крај на уште едно долгогодишно ветување што стоеше во место. Владата обезбеди приближно 8 милиони евра за целосно да се заврши овој проект.

​Покриениот базен е простор што им треба на нашите деца и на спортот во Охрид.

​Голема благодарност до премиерот Христијан Мицкоски, потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и министерот за спорт Борко Ристоски што покажаа вистинска волја и слух за охриѓани.

​Продолжуваме да се бориме за секој еден проект што му треба на градот, затоа што Охрид заслужува подобри услови, напиша на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Сашо Донев.

Please follow and like us:
Tagged