„Европа е заедница на малцинства. Кога бев во Романија, еден тамошен пратеник ми кажа, како неговиот татко бил убиен, само затоа што таму бил малцинство,како што бил убиен и неговиот дедо – за истото. Тоа повеќе не смее да се случува. Европа треба да биде семејство на мир и солидарност, во европската архитектура, како темел треба да влезе балканската стратегија, но и нешто пошироко – солидарноста со африканските земји, чиенаселение , без своја вина, се раселува во очајнички поморски и сувоземни колони“, потенцираше Проди, кој 10 години во Африка беше специјален пратеник на ОН, екс-премиер на Италија, поранешен претседател на Европската комисија заблагодарувајќи се на признанието, додаде дека духот на европската идеја не се профитот и економското поврзување, туку хуманизмот и солидарноста.
Вечерва во Охрид, политичарот и хуманист, професорот Романо Проди ја прими Светската награда за хуманизам
Please follow and like us: